На одлучувачкиот натпревар во групата екипата на Х. Тино среќно се провлече до мечот во ¼ финалето. “Тино“ поведе со голот на Муртоски, додека преку Јованоски Фаворит го израмни резулатот на 1-1. Ваквиот развој на настаните ги водеше Фаворит во ¼ финалето. Но во финишот на мечот среќата им се насмевна на екипата на Тино. Тргаичар на натпреварот беше Ристески Илче кој во последната минута ја затресе сопствената мрежа и им овозможи на “зелените“ пласман во ¼ финалето.
Одлучувчаки натпревар за “кој понатаму“ играа и екипите на кафе барот Ликвид и Џале Турс.Со голот на Танески Џале Турс дојде во предност од 1-0. Преку Миминоски Ершан Ликвид во финишот на полувремето израмни на 1-1. Вистинка “борба“ до последниот судиски свиреж се одвиваше во вториот дел но ниту едните ниту другите не успеаа да стигнат до погодок кој би ги однел во ¼ финале.
Според пропозиците на турнирот во вториот круг, во случај на ист број на бодови и нерешен меѓусебен дуел се игра мајсторка.
Своевдина мајсотрка ќе биде вечерашниот дуел меѓу Манге и Далче. Само победникот обезбедува пласман во ¼ финалето каде ги чека екипата на Вис Пој.
Во 23 часот мајсторка за влез во ¼ финалето ќе играат и екипите на Џале Турс и Ликвид. Победникот од овај дуел во ¼ финалето ќе игра против тимот на Скопско.
Во првото ¼ финале во 20 часот играат Бекче – Х Тино.
Во второто ¼ финале во 21 часот ќе играат Марлин – Чинго
П.С. Редакцијата на ohridnews им се извинува на екипите за погрешното толкување на правилникот, и за стореното недоразбирање. Ви Благодариме.