Македонскиот клупски ракомет ќе има два свои претставници во Лигата на Европа. На Еурофарм Пелистер му се придружи Металург, кој во двомечот од плејофот го елиминираше Криенс.

„Металурзите“ билетот за пласман во групната фаза го обезбедија после голема драма во вториот натпревар одгигран на гости. Избраниците на Зоран Кастратовиќ победија со 26-24 во првиот меч, а на вечерашниот претрпеа минимален пораз 22-21 и за само гол повеќе се пласираа понатаму.

Херои на Металург во вториот натпревар се Дупјачанец со 13 интервенции, Канкараш кој реализираше пет голови и Хорват и Тарабокија, кои застанаа на четири голови.

Завршницата од натпреварот во Криенс.

После  бараж натпреварите, Металург заедно со Еурофарм Пелистер ќе ја чекаат ждрепката во која ќе ги добијат ривалите во групната фаза.

OhridNews