Трикратниот светски првак во сурфање Мајк Фенинг, за време на натпревар во Јужна Африка го нападна ајкула.

Нападот го забележаа телевизиските камери. Наеднаш позади Фенинг се појави перка од ајкула, по што сурферот започна очајничка борба за живот, која за среќа ја доби. Напомош веднаш пристигнаа спасувачките тимови, а натпреварот беше прекинат. По страшната средба со ајкула, Фенинг изјави дека таа се појавила одненадеж и со силен удар го паднала од даската за сурфање, на што тој возвратил исто така со удари и успеал да го набрка опасниот предатор.

OhridNews