Македонската кошаркарска репрезентација во трилер меч со едно продолжение ја совлада Белгија со 76-73 во првиот меч од квалификациите за ЕП 2015 година. До победата избраниците на Александар Џикиќ стигнаа со тројката на Симоновски на 3 секунди пред крајот на мечот.

В. Стојановски и Трајковски со по 16 поени беа најпрецизен во нашата селекција, Костовски застана на 14 поени, а Хендрикс постигна осум поени, но заедно со 11 скока и дури пет блокади.

Македонија во вториот меч од квалификаците игра на гости кај Данска.