Синоќа околу 19 ч. се запали оџак во куќа во месноста Месокастро. За среќа со брза интервенција на професионалната противпожарна единицa од Охрид избегната е поголема несреќа. Во пожарот нема повредени, а причената е помала матерјална штета на објектот.


Пожарникарите за среќа лесно се справија со запалениот оџак, но затоа проблеми имаше возачот на противпожарното возило кој мораше да направи повеќе маневри сред чаршија за да се врати во единицата.


На почетокот од грејната сезона чести се појавите на запалување на оџаци. Тоа според стручните лица се должи на нивното нередовно одржување, поради што се апелира до граѓаните почесто да ги чистат оџаците.

Ohridnews