Авион на американската компанија „ Делта Аирлинес“ на летот од Бостон за Солт Лејк Сити морал принудно да слета во Денвер, откако упаднал во големо невреме што толку го оштетило леталото, да пилотот одвај го приземјил. Невремето проследено со град на Airbus А320 му го изрешетала ветробранското стакло, а му отпаднал и дел од носот. Патниците за време на најлошите 10 минути од летот низ невремето биле преплашени, а многумина врискале и плачеле.

„Често летам, но ова беа 10 најстрашни минути во мојот живот“.

„Видовме искршено прозорско стакло, дупка над моторот каде што гром го погоди авионот. Видовме и дека му отпадна носот. Беше страшно“, вели Роб Визман, друг патник, раскажувале патниците.

Едно лице по слетувањето било префрлено во болница.

Екипажот во итната ситуација морал да делува брзо, па леталото, штом добило дозвола за слетување во Денвер, почнало нагло спуштање. За помалку од две минути се спуштило за повеќе од 4.200 метри, за на крајот успешно да слета.

OhridNews

извор Макфакс