Воска Спорт во драматичен натпревар, со пресврт во продолжението од второто полувреме, го совлада Вардар со 2:1, во дерби натпреварот од 25 коло од Втората фудбалска лига,  што се одигра попладнево пред празни трибини на стадионот „Билјанини извори“.

Лидерот во Втората фудбалска лига, Воска Спорт, сега има 6 бода предност пред Вардар и е пред промоција во нов прволигаш.

“Комити” и покрај забраната, допатуваа во Охрид и го бодреа Вардар надвор од стадионот, но нивните миленици загубија од Воска Спорт. Фото: OhridNews.

Вардар иако остана со играч помалку уште во 32 минута, кога беше исклучен Мишковски, успеа да поведе во 41 минута преку Папули.

Вардар водството го чуваше се до 91 минута кога, најпрвин Јашароски израмни на 1:1, а веќе во следниот напад Адем и донесе злато вредна победа на Воска Спорт.

Поразот на Вардар го искористи Гостивар кој го совлада Кожуф и се искачи на 2 место. Охрид, пак, загуби во Каменица од Саса 2:1.

Втора лига 25 коло

Воска спорт – Вардар 2-1
Беса – Арсими 1-0
Караорман – Борец 4-0
Беласица – Пелистер 2-1
Каменица Саса – Охрид 2-1
Гостивар – Кожуф 5-1
Локомотива – Детонит 1-3
Слога Виница – Тетекс 1-1

На табелата води Воска Спорт со 62 бода, следи Гостивар со 58, Вардар 56, Пелистер 50. Охрид со 34 бода остана во средината на табелата.

Г.М.