Дисциплинската комисија во француската Прва лига немаше милост и изрече драконски казни за учесниците во мешаницата во дерби средбата помеѓу Пари Сент Жермен – Олимпик Марсеј. Вкупно пет фудбалери од двата табори добија црвени картони во инцидентот кој се случи во финишот од француското „Ел Класико“.

Најголема казна од шест натпревари доби Левен Курцава, а по два добија неговите соиграчи од ПСЖ, Нејмар и Леандро Паредес. Три меча ќе паузира Џордан Амави од Олимпик Марсеја, а еден напаѓачот Дарио Бенедето.

Победата и трите бодови од дербито му припаднаа на Олимпик Марсеј кој со минимални 1-0 го совлада лутиот ривал и актуелен шампион, ПСЖ.

OhridNews

Наместо дерби, „војна“ во Париз: Олимпик Mарсеј го тресна ПСЖ!