Комесарот за натпреварување на КФМ, Томе Димишковски, ги изрече казните за инцидентите за време и по завршувањето на првиот четвртфинален ннатпревар од плејофот, помеѓу Амак СП и МЗТ ФОН Универзитет Скопје.

Тренерот на Амак СП, Игор Гацов, е казнет со забрана за вршење на должност во траење од една година. Гацов високата казна ја заработи, според дополнителните извештаи на
службените лица, поради вулгарно, заканувачко однесување, директно
придонесувајќи еден гледач, пред соблекувалната физички да ги нападне,
и удри судиите Диковски и Милоевиќ.

Покрај тоа, Амак СП е казнет, со тоа што ќе ги игра наредните 3 натпревари на домашен терен без присуство на публика, а има и неколку парични казни за направените инциденти.

ohridnews