Дисциплинска комисија на ФФМ на состанокот одржан претпладнево го суспендираше ФК Охрид со три натпревари неиграње на домашен терен.


Ф.К.”Охрид2004″ Охрид се казнува со забрана на играње на свој терен на 3 (три) првенствени-куп натпревари поради физички напад на првиот помошен судија од страна на неслужбено лице на натпреварот Ф.К.”Охрид 2004″- Ф.К.”Локомотива стои во соопштението на официјланата веб страна на ФФМ.

Казната тече од 28.03.2010 година, а “белите“ веќе одиграа еден натпревар како домаќини во Кавадарци. Ваквата казна значи дека “рибарите“ мечевите против Дрита и Беласица во рамките на 22 и 23 коло од Втората МФЛ  ќе играат надвор од Охрид.

Ohridnews