Драматургот Драгана Лукан Николоски е авторот на расказот „Пад на системот или Како балканските народи сфатија дека Бог можеби и не постои“, кој годинава, од страна на стручното жири беше издвоен како најдобар на конкурсот за најдобар расказ, што се распишува по повод одбележувањето на споменот на познатиот писател Живко Чинго.
Луан Николоски е автор на повеќе драми и сценарија, меѓу кои се Балканизација, Пинокио и Црвенкапа во потрага по Аладиновата ламба, Треперење помеѓу две подадени дланки, Сè ќе биде добро и други.
OhridNews