Името на поранешната македонска репрезентативка Драгана Костова ќе биде напишано со големи букви во историјата од мак-фудбалот, откако таа доби доверба да биде шеф на стручниот штаб во дебитантот во Втората МФЛ-исток, ФК Росоман 83.
На Костова во тренерската авантура ќе и помагаат поискусни колеги, а среќа и успех и посака новајлијата во второлигашкото друштво.
Со среќа Драгана, имаш поддршка од сите, а исто така имаш и искусни соработници во тренерската екипа од кои ќе научиш уште повеќе! – стои во соопштението од ФК Росоман.
Костова официјално деби ќе има на 22 август кога ќе започне новата сезона во Втората лига.
OhridNews