Одлуката за нов селектор на српската фудбалска репрезентација паднала на Драган Стојковиќ-Пикси, пренесува српски „Курир“.

Популарниот Пикси, во најтесната конкуренција за предводник на „орлите“ бил подобар од поранешените тренери на Црвена Ѕвезда и Партизан, Владан Милојевиќ односно Саво Милошевиќ.

На Пикси за прифаќање на селекторскиот предизвик најмногу го мотивирало Светското првенство во Катар и лошата ситуација во која се наоѓа националната селекција. Од Стојковиќ и ФФС, нема реакции за пишувањата на Курир, но се погласни се шпекулациите.

Стојковиќ цели 18 години (1983-2001) го носеше дресот на Југославија, а тренерски ангажман има исклучиво во Азија. Седум сезони беше тренер на Нагоја Кампус, а пет сезони го предводи Гуангжу.

OhridNews