Драган Нелоски е уметник-резбар во резбарското ателје „Трон“. Семеен занаетчиски бизнис за рачна изработка на охридски резби на традиционален начин.
Резбарското ателје „Трон“ им нуди на домашните и странските гости да научат за традиционалната резба во Охрид и да однесат едно сеќавање на овој прекрасен град.
Моментално во резбарското ателје „Трон“ Драган Нелоски работи со своите синови, од кои едниот веќе професионално, а другиот повремено им помага. За да се пренесе овој занает, вели Драган, потребно е многу време, упорност, желба, посветеност и трпеливост. Едни од попопуларните изработки во ателјето се т.н. „сурати“ кои Нелоски вели дека се интересни за помладата публика, бидејќи се необични, но исто така и за странците.
Драган Нелоски е обичниот херој оваа недела. Погледнете ја епизодата за повеќе детали.
Обични херои Е14 Драган Нелоски (Резбарско атеље „Трон“)
OhridNews