Горан Петрески и Драган Бочески се промовирани во нови селектори за фудбалските репрезентации на Македонија до 15 и 19 години. Менсур Јакупи продолжува со тимот до 17 години. Популарниот „Чунга лунга“ доаѓа на местото од Гоце Петровски, а Бочевски кој неодамна како вршите на должноста ја презеде работата, го наследува Југослав Тренчовски, кој замина предвреме.


Овие кадровски решенија на селекторските позиции, викендов ги верификуваше УО на ФФМ, на седницата одржана во Кавадарци.

Бочески неколку дена во Охрид одработи со новиот состав кој деновиве заминува за Улцињ каде ќе одигра и две пријателски средби со соодтветната селекција на Црна Гора.

М.П.