Охридскиот фудбалски клуб во пролетната полусезона од Втората македонска фудбалска лига-запад го очекува жестока битка за опстанок. Борбата започнува во Струга, со локалното дерби против составот на Лабуништа Мечот се игра в недела во 14 часот.

„Рибарите“ имаа плоден зимскиот преоден рок засилувајќи се со седум фудбалери, а и резултатите од подготвителните натпревари се ветувачки.

Подготовките поминаа во најдобар ред. Остваривме добри резултати и што е најважно не одбегнаа повреди. Сето тоа ни дава за право да се надеваме на позитивен биланс во дербито со Лабуништа и мечевите кои ни доаѓаат во Втората лига. Секогаш ривалството помеѓу Охрид и Струга е големо, затоа дерби пресметките се повеќе од интересни. – изјави охридскиот стратег, Драган Бочески.

Охриѓани во позитивна атмосфера и максимално подготвени ќе влезат во дерби средбата со Лабуништа.

Атмосферата во екипата е на високо ниво. Трениравме со висок интензитет и се надеваме на добар исход в недела. Секој натпревар, секој бод ни е важен, бидејќи не очекува тешка битка за опстанок. Подготовките беа одлични, но тие претстави треба да ги повториме во првенството. Лабуништа е тим кој во секој момент знае што игра и што сака, наша задача ќе биде да одиграме добро во одбрана и да ги запреме нивните напади. – истакна Ромео Кочоски.

Домаќините котираат повисоко на табелата, но пласманот во дерби средбите не значи ништо затоа што одлучува моментална инспирација и желба за игра. Напомена, дерби пресметката ќе се одигра без публика поради преземените мерки за ширење на корона вирусот.

OhridNews