Освојувачот на титулата во македонскиот фудбалски шампионат во 2010 година и Куп титулата 2011 година, Ренова е противник на Охрид во баражот за учество во Првата македонска фудбалска лига следната сезона. „Рибарите“ билетот за баражот го обезбедија после завршување на вицешампионската позиција во Втората македонска фудбалска лига-запад.
Ренова е квалитетен и сериозен противник. Не очекува тежок натпревар од секој аспект. Квалитетот е на страната од прволигашите, но ние сезонава покажавме дека можеме да одговориме на секој предизвик. Се е можно и сите карти се отворени кога се игра еден натпревар, – изјави охридскиот тренер Драган Бочески.
Предводникот на „рибарите“ второлигашката сезона ја оценува како успешна. Охридските фудбалери после голема борба со Велешта финишираа на втората позиција, со што обезбедија бараж натпревар за пласман во Првата лига.
Натпреварувачката сезона ја оценувам како успешна од повеќе гледни точки. Се стабилизиравме како клуб, ростерот го подмладивме и шанса добија повеќе охридските фудбалери. Резултатаски поминавме многу добро, а баражот и евентуален пласман во елитата ќе биде круна на сезонава, – рече Бочески.
Охридскиот фудбалски клуб во македонска фудбалска елита играл три сезони. Првата и втората беа во 1994/95 и 1995/96 година и 2011/12 година.
OhridNews