Добрата игра и освоениот бод во Гостивар нема да значат ништо ако не победиме во неделниот натпревар со Велешта, рече Драган Бочески во пресрет на првиот натпревар на „рибарите“ на домашен терен во Втората македонска фудбалска лига-запад.
Охридскиот стратег Драган Бочески на располагање ќе ги има речиси сите фудбалери и ќе биде на слатки маки да го скрои составот пред дуелот со Велешта.
Фудбалерите се подготвени за новиот предизвик. Тренираат напорно цела недела и убеден сум дека ќе одиграат квалитетен натпревар. Велешта не смее во никој случај да се потцени бидејќи се работи за екипа составена од искусни фудбалери. – истакна Бочески.
Средбата се игра в недела во 16:30 часот без присуство на публика.
OhridNews