Искусниот фудбалски тренер, охриѓанецот Драган Блажески Крчо, заминува од клупата на струшки Караорман.

Причина за оставката која доаѓа во време на подготовки за првенството во Втората лига, е лошата состојба и организациски проблеми во клубот, ни изјави во телефонски разговор Блажески.

На Караорман му посакувам се најдобро. Моја желба беше да помогнам, но едноставно не се створија услови за тоа, истакна Блажески.

Г.М.