Фудбалот му е во крвта. Беше на клупата на ФК Охрид кога тимот успеа да ја мине второлигашката голгота и две години беше дел од прволигашката елита. 

Својот неоспорен тренерски квалитет и “сенс“ го потврди и со тимот на Напредок кој исто така го одведе во прволигашкото друштво.

Моментално е во Австралијa каде работи во клуб во првата лига. Драган Блажески – Крчо .

Осум години сум надвор од Македонија, но постојано сум во контакт со луѓето во Македонија.

Речиси и да не пропуштивте тренинг на охридските бели и слободно можам да речам дека можеби бевте поредовен од некој од фудбалеите кои играат во тимот. Како ги гледате шансите на Охрид оваа сезона?

Оваа сезона очекувам Охрид да заврши во горниот дел од табелата. Со две- три засилувања опстанокот не би бил доведен во прашање. Да не се залажуваме дека може да се стигне до првото место. Во било која лига е најтешко да си прв па макар било тоа и општинска .

Имавте можност овде во Охрид на лице место да се уверите во квалитетите на “новиот“ Вардар ?

– Пријатно сум изненаден од Вардар, кој по доаѓањето на Достаниќ игра могу офанзивно. Вардар има добра екипа и спред мене со 7-8 бода над другите ќе го заврши шампионатот.



Блажески не го остава фудбалот. Во изминатиот период тренерската кариера ја продолживте во Австралија ?

–    Нон стоп сум во фудбалот, работам во клуб кој се натпреварува во првата лига.Условите таму и условите овде се неспоредливи. Фудбалот кој се игра таму е доста агресивен. Би сакал да видaм некој од овдешните  играчи таму, но многу тешко се наоѓа профил на играч кој може да игра во таа лига.

М.Постоловски