Раперот и продуцент Др Дре со заработка од 620 милиони долари се нашол на врвот на Форбсовата листа за најплатени хип хоп уметници, исфрлајќи го од врвот Шон “Диди“ Комбс. Форбсс соопштил дека од јуни 2013 до јуни 2014 година заработил повеќе од сите музичари во сите области и повеќе од сите 24 кои се нашле на хип хоп листата. Поголем дел од приходите доаѓаат од продажбата на неговата компанија за изработка на слушалки Ејпл за 3 милијарди долари, како и продажба на коњак и водка.
Комбс е на второто место со Џеј Зи со заработка од 60 милиони долари кои ги стекнал од продажба на пијалоци и облека. Џеј Зи најголем дел од парите заработил на турнејата со сопругата Бијонсе, продажбата на најновиот албум и работата на неговата издавачка компанија Рок Нејшн. На четвртото место е Дрејк со заработка од 33 милиони долари, а потоа следуваат Маклмор и Рајан Луис со заработка од 32 милиони долари.