Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ со соопштение реагираше на јавно изнесените ставови на локалната самоуправа, која ја обвини државата дека не обезбедила доволно промотивен материјал за промоција на Охрид на туристичкиот саем во Лугано – Швајцарија

Ставовите на  општината се трагикомични, составот  на  делегацијата дискутабилен, а настапот на Охрид на саемот срамен, стои меѓу другото во соопштението на ОК ВМРО ДПМНЕ, во кое понатому се вели:

„Признавајќи ја сопствената немоќ, незнаење, екскурзијанство и недоветноста, признавајќи го своето неработење уште еднаш го засрамија Охрид со фактот дека градот нема доволно материјал за себепромоција. Уништени од тој факт и поразени од Виница се обидоа повторно, во недостиг на аргументи да плукаат по Владата.

Прашањето е. Кој  на Охрид треба да му го прави пропагандниот материјал кога огромни средства од општинскиот Буџет се предвидени за наводна промоција? Кој треба да го оправда духот или постоењето на еден цел сектор Лер? Каде се трошени силни средства приближно 9 милиони евра годишно, од Буџетот на Охрид  во изминатите 4 и пол години? До кога ќе го понижувате и засрамувате Охрид?

Време е некој да одговори на овие прашања а не за сопствениот неуспех да се повикува на други страни“, се наведува во соопштението на ОК ВМРО ДПМНЕ – 0хрид.