Пазарниот инспекторат е на терен низ цела Македонија и врши контроли кај добавувачите, производителите и маркетите. Мониторинг на цените се спроведува кај производите кои се дел од „Новогодишната кошница“, но дополнително и кај одредени основни прехранбени производи кои не се дел од кошничката, информираат од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).
Од мониторингот кај трговците на мало (маркетите) е утврдено дека цените на производите од „Новогодишната кошница“ се намалени за 10%, но се додадени и околу 30 нови производи (млеко и млечни производи, месо и месни производи, масло и јајца) каде се бележи намалување од 10% до 20%. Во месец ноември постоело зголемување на цените на основните прехранбени производи, но со започнувањето на акцијата „Новогодишна кошница“ постигнато е нивно стабилизирање и намалување, посочуваат.
Трговците на мало (маркетите), велат од ДПИ, генерално се придржуваат до акцијата за намалување на основните прехранбени производи, а констатирани се ситни забелешки во однос на обележување на цените и самите цени, што по изречените опомени беа коригирани и отстранети.
Кај добавувачите и производителите односно трговците на големо контролите се во тек, а по нивно завршување ќе ја информираме јавноста за утврдената фактичка состојба, додаваат.
OhridNews