Огранокот на ДПА во Струга на прес конференција денеска го обвини градоначалникот Рамиз Мирко, дека е директно инволвиран во немилите настани што се случуваат во средното училиште „Нико Нестор“.


ДПА го обвини Мерко дека немирите во средношколкиот центар во Струга одат во прилог на неговиот проект за основање средно училиште, кое ќе ги спрема учениците за неговиот приватен универзитет. Според претсeдателот на огранокот на ДПА во Струга, Зија Јонузи, очигледен е конфликтот на интереси кај струшкиот градоначалник, кој според него има потпишано таен документ, односно согласност за воведување етнички смени во средното училиште „Нико Нестор“

-Според наши иформации, градоначалникот, министерот за образование и директорката на средното ушилиште „Нико Нестор“, која според нас е избрана нелегално, имаат потпишано документ за поделба на учениците по етничка основа и го повикуваме градоначалникот на Општина Струга да им каже на граѓаните дека тој е инволвиран директно во целата ситуација, изјави Зија Јонузи.

Градоначалникот Мерко денеска е службено отсутен и не можеше да ги коментира изнесените обвинувања. Директорката на „Нико Нестор“, Маре Савевска не сакаше да ја коментира прес конференцијата на ДПА, но ја повика партијата да го обелодени наводниот таен документ доколку таков постои.

Учениците Македонци и денеска ја бојкотираа наставата во средните училишта „Нико Нестор“ и „Ибрахим Темо“. Директорката на „Нико Нестор“, Савевска, изјави дека решение за проблемот сеуште нема и дека тој се решава на повисоко ниво.

Ohridnews