Демократската партија на Албанците денеска технички се врати во парламентот.  Ќе учествува  само во активностите на телата поврзани со предвремените парламентарни избори.
 
„Нашето учество во Собранието ќе биде само во врска со измените на Изборниот законик и останатите работи поврзани со распуштањето на Собранието и распишување на предвремените избори“, изјави пратеникот од ДПА, Имер Алиу.
 
Алиу ги повтори барањата кои ДПА ги достави до Собранието за фер и демократски избори: прекројување на границите на шестата изборна единица, партиски членови во избирачките одбори и засилено меѓународно надгледување во текот на целиот изборен процес.
 
Собранискиот спикер Трајко Вељаноски, ја поздрави одлуката на ДПА за враќање во законодавниот дом и уште еднаш упати апел до останатите опозициски партии и тие да се вратат во собраниските клупи.

OhridNews
извор: Makfaks