Кандидатите за градоначалници на општина Струга од редовите на Демократската унија за интеграција и Демократската партија на Албанците, Арбен Лабеништа и Зијадин Села, по вчерашната средба во Струга со заеднички став, дека градоначалник на оваа општина ќе биде „Албанец“.

Како што пренесува „Телма“, тие ветиле дека кој кандидат ќе влезе во вториот круг од локалните избори, ќе ја добие поддршката на гласачите од кандидатот кој нема да го помине потребниот праг.

Инаку, ова доаѓа по заедничката кандидатура за градоначалници и советници на македонските партии во општините Струга и Кичево.

OhridNews