За време на полицискиот час, дозволено е сите граѓани кои живеат во станбени објекти за колективно домување и што имаат домашни миленичиња (куче), од понеделник до петок да може да ги изнесуваат надвор од своите домови, во вечерните часови во времетраење од 30 минути, почнувајќи од 20:00 часот до 20:30 часот.

Во деновите сабота и недела, дозволено е изнесување на милениците наутро од 8:00 часот до 8:30 часот, попладне од 15:00 часот до 15:30 часот и во вечерните часови од 20:00 часот до 20:30 часот.

Дозволата се однесува за растојание најмногу до 100 метри од објектот во кој живеат. Притоа, граѓаните да го задржат минимум потребното растојание од останатите лица и да не се групираат, соопшти Владата.

OhridNews