За прекршителите се предвидени ригорозни казни. Со 200 евра и времено одземање на возачката дозвола ќе бидат казнети возачите, кај кои полицијата ќе измери од 0,1 до 0,5 промили.
Над 0,5 казните ќе се одредуваат пропорционално во зависност од нивото на алкохол во крв.
Согласно законските измени, секој возач кој ќе одбие да направи алкотест ќе биде казнет со 500 евра, колку што ќе бидат казнувани и оние лица што ќе возат без возачка дозвола.