Додека го читате натписов повеќе од 16. 000 Македонци се борат со мозочниот удар и неговите последици. Мозочниот удар е најчеста причина за инвалидитет, а втора за причина за смртност во нашиот регион. Најмалку 1/2 од прежвеаните од мозочен удар се перманентно онеспособени, што ја прави болеста главна причина за физичка, когнитивна, емоционална, социјална и работна неспособност.

Поради високиот процент на застапеност на мозочниот удар и експоненцијалниот раст со староста, се очекува инциденцата да расте во иднина и да представува голем социоекономски проблем. Затоа третманот на исхемичните мозочни удари представува вистински предизвик. Дознајте каква е иднината во третманот на оваа болест, Информирајте се за најновите истражувања кои  ќе го променат начинот на третман на мозочниот удар. На интернет страната на македонското Здружение за борба против мозочен удар можат да се најдат бројни информации за болеста. Информирајтре се на http://www.mozocenudar.mk/.

Хоризонт 2020 е истражувачка програм, финансирана од ЕУ за периодот 2014-2020 година. SAFE(Европската Асоцијација за Мозочен Удар)е активно вклучена во повеќе нови студии за мозочн удар и активно бара партнери за повеќе истражувачки области посветени на мозочниот удар.

Кај 20% од болните времето на почетокот на болеста е непознато, бидејки симптомите се препознаваат кога пациентот се разбудил од сон. Оваа голема група на болни е исклучена од третманот со интравенска тромболиза.

WAKE-UP студијата развива нов  пристап кон пациентите кои се здобиле со мозочен удар во сон, користејќи посебна техника на магнетна резонанца односно снимање на мозокот. Овој иновативен метод на анализа на мозокот кај мозочните удари овозможува да се одреди прецизно времето на почеток на  мозочниот  удар. Целта на WAKE-UP студијата е да се тестира ефикасноста и безбедноста на третманот со тромболиза базирана врз МРИ наодите кај пациентитте со мозочен удар.

Може ли терапевтското ладење на оргнизмот- медицински предизвикана хипотермија да го подобри исходот од мозочниот удар? Одговор на ова прашање нуди студијата Euro HYP.

Терапевтското ладење-хипотермија значи намалување на телесната темература на пациентите со помош на примена на ладни инфузии чија температура е 4 степени целзиусови во тек на 30-60 минути, следено со пад на телесната температура до 34-35 степени целзиусови во траење од 12 часа. Намалувањто на телесната температура кај будни пациенти со мозочен удар се покажало дека е безбедна метода, но дали таа метода го подобрува функционалното опоравување кај мозочниот удар се уште не е докажано.

Пациентите по мозочен удар често имаат проблеми со голтање, инфекција или покачена телесна температура во тек на болничкиот третман.Истите значат и поголема веројатност за лош исход. Вообичаено, овие состојби се третираат само ако симптомите станат очигледни.

PRECIOUS студијата ќе тестира дали е подобро за опоравувањето да се искористи третманот за да се превенираат овие компликации од случување, отколку да се чека да се случат.

SVD-Small Vessel Disease претставува болест на малите крвни садови и капилари во мозокот која допринесува за најголемиот број на случаи на хеморагичен мозочен удар, четвртина од исхемичните мозочни удари и придонесува за најмалку од 40%  од случаите на деменција. SVD-проектот кој е фокусиран на идентификување на клучните фактори за појава но и и третман на болеститре на малите крвни садови.

Здружение за борба против мозочен удар „Мозочен удар“

Во соработка со Stroke Allience for Europe.

OhridNews