Витаминот Ц е антиоксидант и се бори со бактериите додека целосно не ги уништи, вклучувајќи ги и бактериите кои може да предизвикаат тетанус, стафилокок и туберколоза. Витаминот Ц ги намалува хроничните воспаленија во телото.
Тој делува и како антихистаминик и ги намалува воспаленијата предизвикани од алергиска реакција. Исто така ги ублажува симптомите на алергија. Витаминот Ц го зголемува производството на стероиди, кои ги намалуваат воспаленијата во телото. Резултатот е силен и отпорен имунолошки систем.

Витаминот Ц е важен во зајакнувањето на сврзното ткиво.
Витаминот Ц игра важна улога во синтезата на нови колагени ткива, како што се сврзното ткиво во кожата, мускулите, лигаментите и коските. Колку се појаки овие ткива, толку се поотпорни на микробите. Клетките на ракот испуштаат штетни ензими кои го уништуваат колагенот и овозможуваат брзо ширење на ракот на други клетки. Меѓутоа, ако ткивото на колаген е силно, клетките на ракот нема да можат да направат голема штета.

Витаминот Ц го зголемува бројот на бели крвни зрнца
Колку повеќе бели крвни зрнца имате, толку имунолошкиот систем ќе биде поспремен за борба против бактериите, микробите или вирусите.

Витаминот Ц го поттикнува производството на антитела
Витаминот Е е познат по својата функција да обезбеди производство на антитела кога е телото изложено на бактерии. Витаминот Ц го штити витаминот Е, обезбедува негова регенерација и на индиректен начин го поттикнува производството на антитела. Витаминот Ц помага и во апсорпцијата на железото.

 

извор : zenstvena.com