Белоруската фудбалска федерација беше немилосрдна спрема судијата Сергеј Шмолик поради пијанството за време на еден натпревар од домашниот шампионат.

Белорусинот со беџот на ФИФА, „тапа“ пијан   отсудил едно полувреме од мечот меѓу Витебск и Нафтан, а потоа на паузата тетеравејќи го напуштил теренот.

Веднаш по мечот врз него била направена крвна слика, која покажала дека тој во себе има 2,6 промили алкохол.

Покрај Шмолик, доживотна суспензија заработил и делегатот на натпреварот Николај Метелскиј заради неисполнување на својата должност.

ohridnews