Кошаркарскиот сојуз на Албанија (КСА), му изрече жестока но потполно заслужена казна на кошаркарот на Тирана, Бруно Далиу. Кошаркарот незадоволен од судиска одлука со тупаници го нападна судијата кој после ударите падна како покосен на теренот. Бруно Далиу доби доживотна забрана за настап во албанската кошарка, а сојузот ќе поднесе молба санкцијата да важи и надвор од границите од земјата, со оглед каква тежина имаше инцидентот.
Судијата поднесол приватна тужба против кошаркарот, кој може да одговара за физичкиот напад на официјално лице на спортски натпревар.
OhridNews