Основниот суд во Охрид му изрече казна доживотен затвор на Зоран Таневски, за грозоморното убиство врз неговата сопруга Анита Танеска, што се случи на 25 април годинава. Зоран со 22 убоди од нож ја лиши од живот сопругата пред домот на нејзините родители на ул. „Лазо Трпоски“.

По убиството Зоран се даде во бекство, но набргу беше уапсен од специјалната полиција во близина на Ново Село – Дебрца. Тој го призна убиството за кое во судскиот процес што заврши вчера доби доживотен затвор.


Доживотен затвор за убиецот Зоран Танески

Ohridnews