Доживотен затвор добија шестмината разбојници, меѓу кои и 36 годишен македонски државјанин, кои изминатата година ограбија луксузна продавница за часовници „ Ролекс“ во Бахреин.
Тие лани, облечени како арапки го нападнале чуварот и за кратко време ги собрале часовниците во вредност од 1.4 милиони и побегнале.
Во истиот судски процес, осудени се и турски и американски државјанини, кои им помогнале на разбојниците за време на грабежот. Обајцата добиле по15 години затвор.
Инаку, пресудата за шестимината разбојници е донесена во отсуство, а Интерпол и натаму трага по Алију Рахман (30) од Србија, Франи Петрит (32) и Дедај Астрит (23) од Албанија, Екрем Гаши (35) и Абази Гентијан (24) од Kосово и Ѓерѓи Ѓин (36) од Македонија..
OhridNews