Австралиецот Марк Вебер ќе стартува од пол позицијата на трката за Големата награда на Малезија. Пороојниот дожд кој врнеше во текот на квалификациите им го помати планот на фаворитите, па така ниту еден Ферари, ни Мерцедес не се појавија во третата квалификациска сесија.

Во првата линија покрај Вебер, ќе биде Нико Розберг , додека од вториот ред ќе стартуваат Себастијан Фетел и Адријан Сутил.


Шумахер ќе тргне како 8-ми, Батон 17- ти, Алонсо 19 – ти, 20  – ти Хамилтон, од 21 позиција ќе тргне бразилецот Маса.

Ohridnews