Се покажа на дело неопходноста од реконструкција на покривот на Центарот за култура “Григор Прличев”. Пред два дена дождот навлезе и во просториите на оваа национална установа.


Од пред два дена е распишан и вториот тендер за реконструкција на покривот. Директорката на Центарот, Драгана Боцеска, очекува дека тендерот ќе биде успешен и за две седмици ќе се знае во чии раце ќе бидат градежните работи.  ” Се надевам дека до крајот на октомври ќе го санираме покривот”, вели Боцеска.


Инаку, првиот тендер за најповолен понудувач беше распишан во текот на август а на почетокот од септември јавно се отворени и понудите. Се пријавиле околу 6 фирми, но најголемиот дел од нив немале комплетна документација, поради што, тендерот е поништен.

А. Ристоска