Од денеска до четврток Македонија ќе потпадне под влијание на влажнa воздушна маса од Медитеранот. Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои на места ќе бидат пообилни, особено во среда кога ќе има и ретка појава на грмежи.

Во среда во текот на денот ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе придонесе за значителен пад на температурата од 7 до 10 степени, а на некои повисоки места во северните делови ќе има и услови за врнежи од снег.

Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 15 степени  Целзиусови, а минималните температури ќе бидат некој степен над нулата.

OhridNews