Поројните дождови и лошите временски услови во Охрид не ги поколебаа судиите асистенти од Првата и Втората лига кои полагаа фитнес тестови на стадионот „Атина Бојаџи“.
На фитнес тестовите во Охрид се појавија околу 80 судии од помошната листа, а ги поминаа речиси без грешка со неколку откажувања.
Меѓу асистентите кои успешно положија беше и охриѓанецот Жарко Тодоровски кој долги години се наоѓа на листата најдобри помошници во македонскиот елитен фудбал.
Следни кои ќе бидат подложени на тестови се „главните“ арбитри меѓу кои се охриѓаните Марјан Ецкоски и Марјан Маркоски.
Мх.П.