Поради најавата за лошите временски услови свеченото отворање на Балканскиот фестивал, во среда 03.07.2024 година, ќе се оддржи на алтернативната сцена во големата сала на НУЦК “Григор Прличев” – Охрид со почеток во 20.30 часот.

63. издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри, ќе се одржи од 2 до 5 јули, во организација на Центарот за култура „Григор Прличев“.

Програмата започнува денеска, 2 јули, со изложбата насловена „Моменти“ од авторот Антонио Стојчески.

Свеченото отворање на Фестивалот е утре вечер во Центарот за култура со целовечерен концерт на ансамблот „Танец“. Традиционално пред почетокот на концертот, учесниците на меѓународната фолклорна манифестација ќе продефилираат низ охридската чаршија, а ќе започнат од пред Центарот за култура во 19 часот.

 

Љубителите на фолклорот ќе имаат можност да погледнат настапи на ансамбли и културно-уметнички друштва од државата, Бугарија и Австралија. Влезот е слободен, а настапите на учениците на 4 и 5 јули се со почеток во 20:30 часот.

Најстарата фолклорна манифестација на Балканот, се одржува под покровителство на Собранието на РС Македонија, со поддршка на Министерството за култура и Општина Охрид.

OhridNews