Поради дождот затворањето на Фестивалот „Охридско лето“ наместо на  Античкиот театар како што првично беше предвидено, ќе се помести во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 22 часот.

„Охридско лето“ ќе биде затворено со грандиозниот театарски проект „Алиса во земјата на стравовите“ од Ева Махковиќ во изведба на Југословенски драмски театар од Белград, Република Србија, а во режија на еден од нашите најдобри режисери кој има светска слава, Александар Поповски.

Г.М.