Обилните врнежи од дожд деновиве предизвикаа бројни главоболки на граѓаните во ризичните подрачја. Најкритично е во реоните околу неисчистените речни канали во Лескајца и на ул. „Железничка“. Но, дождот и топењето на снеговите добро дојдоа за зголемување на водостојот на Охридското Езеро кое по долготрајната суша деновиве ја подобрува хидролошката состојба. Само во изминатите три дена во Охрид наврнале 50 литри дожд на метар квадратен, што придонесе водостојот на Езерото осетно да се зголеми.


се подига нивото на Охридското Езеро


столбовите од мостот кај „Палас“ конечно во вода …..


…а вака изгледаше пред само 10 месеци

Ohridnews