Обилните врнежи од дожд и падот на атмосферската температура, влијаеше и на температурата на Охридското Езеро, која бележи пад за неколку степени.

Според утринските мерења на Управата за хидрометеролошки работи, температурата на водaта во Охридското Езеро изнесува 20 степени Целзиусови, или 4 помалку во однос на мерењата извршени пред два дена.

OhridNews