Силниот дожд што попладнево го зафати охридскиот регион во целост го изгасна пожарот што од вчера беснееше во Националниот парк „Галичица“. Во гасењето на пожарот што зафати површина од околу 7 километри учествуваа  противпожарни екипи од Охрид и и Ресен, како и стотина доброволци кои се одзваа на апелот од локалната самоуправа.

Утрово на помош пристигнаа и два хеликоптери на КФОР, како и летала на АРМ. Местото на пожарот го посетија раководителот на Центарот за управување со кризи Панде Лазарески, министерот за финансии Трајко Славевски, како и претставници на локалната самоуправа и Националниот парк Галичица.

Оттаму велат дека за да се санира штетата која ја предизвика пожарот ќе бидат потребни 40 години. Во пожарот изгореа повеќе од 100 хектари нискостеблеста шума, а настрадаа и голем број ендемски видови флора и фауна. Штетите од пожарот за кој постојат сомневања дека е подметнат допрва ќе се утврдуваат.

ohridnews