На турнирот во Волино синоќа требаше да се одиграат четири натпревари. Два беа регистрирани со службен резултат, а два не се одиграа поради лошите временски прилики и обилните врнежи од дожд.

Службено завршија натпреварите Еко шпар – Том Гор 0:3 и Кафе бар 9 – Гост. Кај Мече 3:0. Поради лошите временски услови неодиграните натпревари се преместени за наредни денови, информира организаторот.

Турнирот продолжува вечерва, а на програмата се четири средби.

Распоред среда, 21 август

19:30 Блу фиш – Дипсакус
20:30 ПН Метал – Полно меше
21:30 Брумел – Ростушки тигри
22:30 Рес. Станица и Викса пром – Авто сервис Василески

Г.М.