Интензивните врнежи од дожд во текот на ноќта и денешниот ден придонесоа за подобрување на хирдолошката состојба во регионот. Според последните податоци на УХМР и АД ЕСМ, водостојот на Охридското Езеро денеска е на кота 693,14 метри надморска височина, или четири сантиметри над природниот минимум (693.10 м.н.в) односно три сантиметри под дозволениот минимум утврден со Билатералниот договор помеѓу Македонија и Албанија (693.17 м.н.в.), што пак, е за 14 сантиметри под просекот за октомври (693,28 м.н.в).
Изминатиот период, котата на Охридското Езеро речиси константно беше под просекот, дури и под природниот минимум.
Според вчерашните мерења, котата на езерото беше 15 сантиметри пониска од просекот за октомври.
Температурата на водата, пак, утринава изнесуваше 18 степени Целзиусови што е за еден степен повеќе од просекот за овој период од годината.
OhridNews