За време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Денеска ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и северозападен правец. Наместа ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, појава на ретки грмежи и засилен ветер. Максималната температура во Охридскиот регион ќе достигне до 17 степени Целзиусови.

И во недела слично време. Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен северен ветер, поизразен во источните делови. Во Охрид минималната температура ќе се спушти до 8, а дневната ќе достигне 17 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Стабилизација на времето се очекува во понеделник. Ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност и  засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од 3-10, а максималната од 14 до 22 степени.

OhridNews