Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура во Охридскиот регион ќе се спушти до -1, а максималната ќе се искачи до 10-от степен Целзиусов.

Во вторник ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините со повремен снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, врнежите кон крајот на денот ќе преминуваат во снег и на повисоките места во северните делови. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура во Охрид ќе изнесува 4, а максималната 8 степени, информира УХМР.

OhridNews