Јапонските жители и научниците биле шокирани од дождот од полноглавци кој паѓал во регионот Ишикава од почетокот на месецов. Eден 55-годишен човек слушнал силен плисок и на стаклото од автомобилот видел стотина  мртви полноглавци.

Дождот од полноглавци е редок метеоролошки феномен кој се случува од време на време во одредени делови од светот. Научниците оваа појава сметаат дека настанува од јаките ветрови и бури кои едноставно ги впиваат полноглавците. Но ова објаснување не ги задоволува локалните жители кои велат дека во последно време немало јаки ветрови.