На небото над Западна Австралија веќе неколку дена паѓа дожд од птици, што стана вообичаено за овој регион. Преку 200 гаврани, патки, галеби и пеликани се пронајдени мртви во близина на градот Перт, што предизвикало сомнеж дека станува збор за масовно труење.
Како што е утврдено труењето е предизвикано од пестицидот Фентион кој се користи како во домаќинствата така и во индустријата и за кој е познато дека е отровен за птиците.Министерството за заштита на животната средина започна истрага за да утврди дали труењето било намерно или било предизвикано од преголема употреба на пестицидот. Овој настан се случи точно една година по смртта на околу 200 галеби во слични околности.