Претпладне ќе биде облачно со локални врнежи од дожд, попладне променливо облачно и свежо. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 16, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степена.
Во Охрид променливо облачно со врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Како што најави Управата за хидрометеоролошки работи, и утре ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Дневната температура ќе опадне за повеќе од десет степени.
OhridNews